Саундтракот на „Ла ла ленд“ најпродавана плоча во 2017 година

Агенцијата „Нилсен мјузик“ објави список на издадени плочи кои најдобро се продавале во приот квартал од оваа година.

Официјалната музика од „Ла ла ленд“ го зазеде првото место на листата на најпродавани плочи во САД во 2017 година со продадени 25.000 примероци.

На второ место е „Legend“ на Боб Марли, додека на третото место се најде „Back to Black“ на Ејми Вајнхаус со 16.000 продадени примероци. По Вајнхаус следи плочата на Ед Ширан со 15.000 продатдени примероци.

ла ла ленд