Ријана и Дрејк прв пат се сретнаа по раскинувањето

Ријана и Дрејк имаа турбулентна врска, па јавноста не можеше точно да знае кога тие се заедно, а кога не.

Единствено „официјално“ соопштение се случи на доделувањето на МТВ наградите кога раперот ја бакна убавицата од Барбадос на сцената.

Но, нивната врска заврши откако Дрејк започна нова врска со Џенифер Лопез.

Токму од тогаш, Ријана и раперот се немаат сретнато се до пред некој ден коа присуствуваа на иста детски роденден на заеднички пријател.

На фотографиите кои се појавија на Интернет, јасно се гледа дека екс двојката успешно се избегнувала и постојано седеле на различни страни во игротеката.

Ова е прва средба за Ријана и Дрејк по раскинувањето.