Половина час, три состојки и ручекот е пред вас

Ако ви се здосадија комплицираните рецепти кои бараат многу време за подготовка и труд, овој рецепт со пилешко месо ви гарантираме дека ќе ви стане омилен.

Подготвувањето на вкусен ручек никогаш не било полесно.

Само три состојки ќе ви бидат потребни за овој гастрономски специјалитет.

Потребно е:

500 гр пилешко филе,

1л павлака за готвење,

2 кесички инстант супа од печурки.

Подготовка:

Во огноотпорен сад наредете го исецканото пилешко месо, потоа ставете ја супата од кесичката и прелијте ја павлаката за готвење. Ставете ја во рерна на 200 степени и печете додека не порумени. За помалку од половина час ќе имате совршен ручек со малку труд.

пилешко