Познатиот пејач Рики Мартин доби улога во третото продолжение на серијата American Crime Story, која го опишува убиството на модниот креатот Џани Версаче, во Мајами 1997 година.
Латино ѕвездата ќе го глуми партнерот на дизајнерот, Антонио Д’Амика, кој со Версаче бил во врска 15 години.
Покрај Мартин, актерската екипа ќе ја составуваат и Едгар Рамирез како Џани, Пенелопе Круз како Донатела, додека во улогата на убиец ќе се најде Дарен Крис како Андреј Кунана.