Состојки:
1 кеса замрзнат мешан зеленчук-вариво
1 морков
1 компир средна големина
5-6 беби домати
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка мешан зачин (вегета)
1 мал филџан ориз
малку зејтин
Подготовка:
На тивок оган се пропржува еден рендан морков и се додава ситно исецкан компир па се додава мешаниот зеленчук. Се пропржува се заедно неколку минути и се додаваат 5-6 филџани вода. Потоа се додаваат беби доматите и оризот. Се вари додека да се свари оризот и потоа се додава вегетата. На крај се запржува само со малку црвен пипер.
Се служи со зелена салата или кисела зелена туршија.