Викторија Бекам доби орден од принцот Вилијам

Некогашната спајсица, денес модна креаторка, Викторија Бекам си доби орден од Британското кралство.

Церемонијата се одржа во Бакингамската палата, каде Викторија беше именувана во официр на редот во Британија, а орденот го прими од принцот Вилијам.

На овој важен ден, дизајнерката доби подршка од нејзините родители и сопругот Дејвид Бекам, а децата не присуствуваа.

„Горда сум што сум британка“, изјави Викторија.

За оваа церемонија дизајнерката се појави во опуштен црн фустан.