Кременадли во сос

Состојки:

1 кг кременадли
1 главица кромид
1 чешне лук
1 морков
200 мл лупени домати во сос (пелати)
300 гр свежи шампињони
250 мл вода
½ лажичка нишесте
1 лажица зачин Кристал
бибер
сечкан магдонос

Подготовка:

На масло , во подлабока тава, на кратко се пржат кременадлите. Се вадат од тавата, се оставаат на страна.
Во истата тава, се динстаат ситно сечканиот кромид, лук и морковите. По 5 мин се додаваат печурките исечкани на покрупни парчиња. Кога печурките ќе омекнат, се враќаат кременадлите во тавата, се зачинуваат со зачин и бибер. Се додаваат и лупените домати од конзерва, сечкани. Се заедно ке крчка на тивок оган и се додава вода по потреба. Кога месото ќе биде меко и зеленчукот убаво издинстан, се додава ½ лажица нишесте растворено во вода и се динста уште некоја минута додека сосот не стане густ.
Се сервира со варен ориз или пире од компири и се посипува со сечкан магдонос.

кременадли