Илие Настасе расистички ја навреди тенисерката Серена Вилијамс кога постави прашање дали нејзиното бебе ќе биде со боја на чоколадо или на млеко.
На одговорот на Серена не требаше многу да чека, зошто тенисерката беше шокирана од неговото однесување.
„Жал ми е што живееме во свет каде луѓето како Илие Настасе можат да кажат такви рацистички и сексистички коментари за мене и моето неродено дете. Веќе кажав, но еве пак. Светот се развива, доста напредувавме и срушивме многу бариери, но и многу стојат пред нас“. напиша Серена.
35-годишната Серена, моментално е на врвот на АТП листата, а причината поради расистичкиот коментар на Илие е свршеникот на тенисерката, Алексис Оханиан кој е белец.
„Мене и мојот свршеник нека не остават на мира. Не се плашам, стојам исправено. Тоа што кажа е негов срам, мене не може да ме сруши, можам да паднам, но повторно ќе се издигнам“, завршила тенисерката.