Принцезата полни 2-години: Роденденскиот портрет на Шарлот

Британскиот принц Вилијам и Кејт Мидлтон денеска го прославуваат 2-от роденден на својата ќерка, принцезата Шарлот.

Традицијата секако дека е сочувана, па кралското семејство објавија фотографија од преслатката Шарлот.

Портретот на принцезата е направен од страна на Кејт Мидлтон.

Во кадарот малата е облечена во жолто-бело плетен џемпер со сини овци, кој и ги нагласува сините очи.

Се смета дека фотографијата е направена пред еден месец во Анмер Хол – куќата која кралицата Елизабета II ја подари на својот внук и избраничката по свадбата.

Во меѓувреме многумина забележаа дека Шарлот започнува впечатливо да личи на пра-баба и, но и татко и.