Бред Пит искрено за разводот, пиењето и децата

Бред Пит конечно си ја отвори душата по разводот со Анџелина Џоли, а тоа го направи во интервјуто за магазинот „GQ“.

бред пит за GQ

Тој зборува за целиот свој живот почнувајќи од детството преку растењето, проблемите со пиењето, па се до семејниот живот.

„Дури минатата година се соочив со тоа, пиев премногу. Но, еве веќе половина година не консумирам алкохол. Сега пијам само чај и сокови, не сакам повеќе да имам лош живот“, вели Бред Пит.

Исто така, зборува и за тоа како неговата кариера влијае врз односот со неговите деца.

бред пит за GQ

Многупати дозволил работата да го затрупа, па не наоѓал време за децата, па поради тоа сака да стане многу подобар татко од она што бил во минатото.

„Лично сум многу ретардиран што се однесува до чувствата. Многу подобар сум во прикривање на истите. Пораснав со строг татко, па добив впечаток дека татковата фигура мора да биде многу силна, наместо да се разбере себеси и своите маани. Кога тоа го дознав, како да се освестив токму во периодот кога се разведовме. Но, мора да дознам повеќе за чувствата, ми треба многу повеќе од тоа“, додава актерот.

бред пит за GQ

Откако се раздели од Анџелина, Бред призна дека бил премногу разочаран за да се врати во својата куќа во Беверли Хилс, па му требало прибежиште.

Шест недели спиел на под кај својот пријател, трудејќи се да се избори со тоа што ја изгубил фамилијата. Иако разделбата им беше бурна, моментално работат на својот однос.

бред пит за GQ

„И двајцата сега даваме сѐ од себе. Еден адвокат кажа: Никој не победува на суд, проблемот е во тоа кој ќе помине полошо. И тоа делува како вистина. Поминуваш година дена фокусирајќи се да докажеш дека си во право и тоа е само еден пат на омраза. Го одбивам тоа. Тоа е многу потресно за децата, одеднаш да видат како фамилијата им се распаѓа. За среќа и мојата партнерка се согласува. Омразата во овие прилики е толку често користена, но со тоа само се губи време“, искрено зборува Пит.

бред пит за GQ

Додава дека овие девет месеци ги искористил да ги согледа своите слабости и она што го попуштил. Моментално се има посветено на еден проект.

hitportal bred pit 2бред пит за GQ