Намирници кои ви го уништуваат сонот: Што да не јадете пред спиење

Експертите за исхрана и здравје составија листа од намирници кои треба да ги избегнувате во вечерните часови, пред спиењето.

Тие можат да го пореметат сонот, а со самото тоа и да предизвикаат други здравствени проблеми како што се дебелеење и слаб имунитет.

Кафe

Влијанието на попладневното кафе е подолго отколку што мислите. Кофеинот се задржува во телото со часови, така што кафето во 16 часот попладне и не е така добра идеја, доколку планирате да си легнете порано.

Чајот, исто така содржи кофеин, но билните чаеви можат да Ви помогнат полесно да заспиете.

кафе

Чоколадо

Како и останатите слатки, чоколадата е исто така скриен извор на кофеин.

Темните чоколади содржат највисоко ниво на кофеин поради поголемиот процент на какао. Исто така, газираните пијалоци со карамел можат да содржат кофеин.

чоколадо

Месо

Додека спиеме, нашиот организам не ја вари храната, па така оброците кои се богати со протеини и кои тешко се разградуваат се непријатели на сонот.

Доколку консумирате месо за вечера, гледајте тоа да биде мисиркино, кое покрај протеините содржи и триптофан – аминокиселина која предизвикува поспаност.

месо

Алкохол

Многумина забележуваат дека по неколку чашки алкохол веднаш заспиваат, но алкохолот ги прекинува подлабоките фази на сонот кои се важни за помнењето и моторичките вештини.

Иако може да поттикне сон на почетокот од вечерта, алкохолот може да предизвика често будење во текот на ноќта, пропратено со чудни сонови поради што следниот ден се будиме ненаспани.

вино