Почина ѕвездата на „Твин Пикс“ и „Убиј го Бил“

Актерот Мајкл Паркс кој глумеше во култната серија „Твин Пикс“ и во легендарниот филм на Квентин Тарантино, „Убиј го Бил“, почина на возраст од 77 години.

Веста за неговата смрт ја објави режисерот и негов пријател, Кевин Смит, а ја потврди агентот на актерот.

Мајкл Паркс во текот на својата кариера глумеше во филмови на најпознатите режисери, како што се Квентин Тарантино и Роберт Родригез.