Јана Бурческа синоќа не успеа да се пласира во финалето, но секако оваа Евровизија ќе ја памети цел живот.
Откако со промо видеото објави дека е бремена, пејачката не ни замислуваше дека нејзиниот избраник ќе ја побара за жена.
Александар ја запроси Јана пред камерите и пред 200 милиони гледачи кои ја следеа полуфиналната вечер.
Солзи радосници и многу честитки од „зелената“ соба во Киев, а неколку минути по убавиот чин на Интернет се појави фотографија од прстенот.
Честитки!

