Седна зад воланот: Кралицата Елизабета вози и на 91-на година

Британската кралица Елизабета II, која има 91-годин, минатата недела седна зад воланот на својот Рејнџ Ровер и се упати на кралските коњските трки во еден англиски град.

„Кралицата има изненадувачки добри возачки вештини, таа знае да смени и свеќици на автомобилот“, вели портпаролот на кралската палата.

Елизабета научила да вози во 1945-та година, за време на Втората светска војна, а тогаш возела Брза Помош.

Но, за кралицата возењето очигледно е уживање, па така викендов седна и зад воланот во својот „Јагуар“ и од неделната миса се упати кон палатата.

Инаку интересен е и фактот дека кралицата е единствената жена во Британија која нема возачка дозвола, а смее да вози.