Светот полуде по овој рецепт: Нема веќе пржење компири

Овој рецепт ќе го засакате на прв „залак“.

Еве што ви е потребно:

4 шолји млеко, 1,5 шолји палента, 2 лажици зејтин, 70 грама сирење, лажичка сол, 3 лажици маслиново масло.

Подготовка:

На тивок оган ставете го млекото во сад и варете го. Полека додадете ја палентата додека не добиете хомогена смеса.

Намалете го оганот и мешајте околу 5 минути. Додајте го сирењето и солта. Мешајте додека сите грутки не се растопат и смесата не се изедначи, па ставете ја во тава која претходно сте ја намачкале со зејтинот.

Оставете ја да отстои 20 минути, па ставете ја во фрижидер еден час. Потоа извадете го тавчето, и почнете да сечете во форма на компирчиња. Ставете масло во тава и пржете ги од двете страни околу две минути.
Добар апетит!

palenta pomfrit