Дедо ви пренесува помалку познати трикови на најголемата социјална платформа на интернет.
Прочитајте ја првата порака која некогаш сте ја напишале
Најлесниот начин да ја видите оваа порака е да ги преземете сите ваши податоци од мрежата на компјутер. Ова можете да го направите така што ќе одите во „General Settings“. Имајте во предвид дека процесот може да потрае, бидејќи Фејсбук ја копира секоја порака која сте ја напишале.
Исклучете ја опцијата „seen“
Не постои официјален начин како да го направите ова, што значи дека морате да пронајдете посебна апликација која ќе ви овозможи да ја исклучите опцијата.
Една од нив е „Unseen App“, а работи исклучиво на „Google Chrome“. Друга е „Crossrider’s Chat Undetected“ која работи на три пребарувачи – „Chrome“, „Firefox“ и „Internet Explorer“.
