Вчера американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со папата Францис во Ватикан, на која присуствуваа и неговата сопруга Меланија, како и ќерката Иванка Трамп со нејзниот сопруг Џаред Кушнер.
Придржувајќи се до строгиот дрескод, дамите носеа црна облека и превези на главите.

Според ватиканскиот протокол, жените кои се на прием кај папата се обврзани да носат долги ракави, формална црна облека и превез за да ја покријат главата.



Првата дама на САД беше облечена во креација од Долче и Габана.


