Постои долга коса и екстра долга коса која е новиот моден тренд помеѓу најголемите ѕвезди.
Од Ким Кардашијан, до Ријана, Ники Минаж, Ариана Гранде па дури и Џенифер Лопез, сите обожуваат и носат долга коса.
Но, колку навистина чини нивната надоградба?
Секако прва која го започна овој тренд е Ким Кардашијан, која дава вистинско богатство на својата коса.
Таа (како и останатите ѕвезди) носи надоградба на природна коса која чини 3.000 евра.