Новиот хотел кој се гради во Медина, ќе биде поим за екстравагантност.
Во сопственост на Министерството за финансии на Саудиска Арабија, хотелот „Abraj Kudai“ чини 3.5 милијарди долари и ќе вклучува 12 згради, 10.00 соби и 70 ресторани.
Богатите гости ќе можат да изнајмуваат цели катови, а на секој кров ќе има и посебен дел за слетување на хеликоптери.
Не само што ќе го држи рекордот за хотел со најмногу соби, тој исто така ќе ја има и една од најголемите куполи на врвот на најголемата кула.
Иако се планираше да се отвори во 2017 година, отварањето може да биде одложено за 2018 година, од економски причини.