Синоќа во Келн, ракометниот клуб Вардар со победа од 24-23 над фаворизираниот фрнацуски ПСЖ ја донесе првата клубска шампионска титула во машки ракомет во Скопје.
Решавачкиот гол во последните секунди го даде Иван Чупиќ, за вистинска ерупција од емоции и гордост за новата титула!
Од моментот кога во Келн „Вардарци“ го кренаа победничкиот пехар, почнаа да се слеваат колоните радосни лица кон Градскиот плоштад во Скопје.
На радоста и немаше крај, а еве како обедата ја доживеаа јавните личности во Македонија.