Кралско наследство: Кејт Мидлтон ги носи обетките на кралицата Елизабета

Прославите за 91-от роденден на кралицата Елизабета Втора започнаа, а од кралското семејство како секоја година така и оваа, Кејт Мидлтон е во центарот на вниманието.

Војводката со своите елегантни појавувања ги остава сите без зборови, па ретко кој ги забележува деталите во нејзините модни комбинации.

Првото појавување на Кејт на церемонијата беше во розев фустан на Александар МекКвин, кој беше надополнет со шапка и дискретен накит.

Токму обетките кои ги носи војводката имаат посевно значење.

Кејт истите ги позајмила од кралицата, а обетките се семејно наследство на Елизабета Втора.

Како ви се допаѓаат?