Љубовното писмо на Тупак: Ја оставил Мадона бидејќи е „бела“

Тупак и Мадона се запознале во 1993-та година, но никогаш не се дознаа детали од нивната кратка врска.

Сепак раперот и напишал писмо на поп кралицата, во периодот додека бил во затвор, во кое објаснува зошто ја остава.

„Не сакав да те повредам, но врската со црно момче може да ја уништи твојата кариера. Ти го нудам моето пријателство и сакам да се пазиш од луѓето бидејќи не се чесни како што ти изгледа“, стои во писмото.

Љубовното писмо ќе биде продадено на аукција, а почетната цена е 80.000 долари.

Тупак беше убиен во 1996-та година на само 25 години.