Експрес десерт – чоко крем пита

Состојки:

За кора:

10 кекси

¼ шолја ореви (исечкани)

3 лажици шеќер

3 лажици несолен путер, стопен

За фил:

2 ¾ шолји млеко

1 шолја шеќер

1 јајце

¼ шолја какао

¼ шолја пченкарен скроб

1 лажица несолен путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Тавата намачкајте ја со масло за готвење.

Измешајте ги кексите, оревите и шеќерот во блендер додека не добиете ситни трошки. Додадете го путерот и мешајте да се соедини. Оваа смеса нанесете ја на тавата и печете 10 минути додека добие кафеавкаста боја. Оставете да се лади 10 минути.

Изматете ги млекото, шеќерот, јајцето, какаото и пченкарниот скроб заедно со ¼ лажичка сол. Ставете ги на шпорет на средна температура и мешајте постојано додека смесата не зоврие и не се згусне.

Откако ќе ја тргнете од оган, додавајте го путерот додека не се истопи. Покријте со пластична фолија и оставете да се лади 20 мин. На тоа време додадете уште еден час додека смесата се олади целосно. Тргнете ја фолијата и смесата нанесете ја на кората. Оставете 2 часа да се лади, а за крај можете да додадете шлаг пена.

Добар апетит!