Романтична вечера: Амал Клуни прв пат во јавност по породувањето

Џорџ и Амал Клуни во јуни станаа родители на Ела и Александар, а по речиси еден месец новите родители решија да се опуштат на романтична вечера.

Парот беше забележан во Италија, каде моментално престојуваат, поточно во вилата на актерот на езерото Комо.

Амал и Џорџ беа во опуштено издание, а по вечерата едвај излегоа од ресторанот и влегоа во автомобилот.