Адриана Лима има ново момче, познат писател во Турција

Адриана Лима неколку дена уживаше во Црна Гора со ќеркичките и поранешниот сопруг, а по краткиот одмор со семејството одлета во Турција за да се сретне со новата љубов.

Станува збор за турскиот писател, Метин Хара од кого буквално не се делеше.

Папараците успеаа да ги фатат како се бакнуваат, а неколку дена претходно писателот даде изјава за турските медиуми во кои:

„Лима ја запознав во Истанбул. Уште во првиот момент знаевме дека имаме чувства еден за друг. Сега сме заедно и уште се запознаваме“.