Секое појавување на Кејт Мидлтон не остава без зборови, а таа без сомение е модната икона на кралското семејство.
Фустаните од тантела и се омилени, па за банкетот во чест на шпанскиот крал и кралица, војводката се одлучи за интересен фустан во розева боја.
Кејт го облече „најпровокативниот“ фустан досега, само поради длабокото деколте.
Ова е прв пат војводката на официјален настан да се појави вака, иако деколтето изгледаше отмено и културно.
Кејт за овој настан ја носеше и круната на принцезата Дијана.