Миранда Кер во месец мај му го кажа судбоносното „ДА“ на Еван Спигел на интимна венчавка во неговиот дом.
На венчавката присуствувале само 45 гости, а јавноста досега немаше видено дел од церемонијата.

Сепак Миранда за „Vogue“ реши да сподели фотографии од венчавката, а најмногу внимание предизвика нејзината венчаница.

Моделот блеснала во венчаница на Диор инспирирана од Грејс Кели, поточно нејзиниот фустан за венчавата со принцот од Монако.
Миранда буквално изгледа како да е излезена од бајка.

