Превкусно – говедско на кинески начин

Состојки:
• 1 лимон
• 1/2 чаша супа од говедско месо
• 3 лажици соја сос
• 2 лажички пченкарно брашно
• 1 лажица масло
• 450 гр говедско месо, исечени на коцки
350 гр печурки, преполовени или исечкани на ливчиња
• 1 чаша моркови, изрендани
• 2 чаши грашок
• 1 куп младо кромитче, исечкано и белите и зелените делови поделени
• 1 лажица сецкан лук
Подготовка:
Изрендајте 1 лажичка кора од лимон и оставете го на страна. Сокот од лимонот измешајте го со 3 супени лажици говедска супа, соја сос и пченкарнo брашно во мал сад.
Загрејте го маслото на средна температура. Додадете го говедското и гответе, мешајќи повремено, додека да се свари, 4-5 минути. Префрлете ги состојките во тавче, без говедското. Додадете ги печурките и морковите во тавата и варете додека морковите не омекнат, околу 5 минути. Додадете го грашокот, белите делови од кромидот, лукот и кората од лимонот. Гответе мешајќи не повеќе од 30 секунди, па додадете го остатокот од супата и гответе уште 2-3 минути дури смесата не се згусти. Конечно додадете го говедското и зелените делови од кромидот. Гответе уште неколку минути.
Се служи топло.