Јелена Карлеуша денес го слави 39-от роденден, а забавата започна во кругот на нејзиното семејство во Истанбул.
Таа на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои е во друштво на сопругот Душко Тошиќ и ќерките Атина и Ника.
За интимната прослава Карлеуша се одлучи за црвен фустан во комбинација со лилакови чизми од „Баленсијага“.
Инаку прва која и го честиташе роденденот преку социјалните мрежи беше нејзината мајка Дивна, која објави нејзина фотографија со емотивна порака.