Јелена Ѓоковиќ, сопруга на најдобриот српски тенисер, Новак, по втор пат се породи и на свет ја донесе ќерката Тара.
Малиот Стефан стана поголем брат, а тенисерот бил со својата сопруга за време на породувањето во Монако.
Ноле по раѓањето на Тара истата вечер приредил забава во својата куќа, каде присуствувале најблиските пријатели и семејство.
„Славеа до рано наутро, а друштвото постојано нарачуваше песни. Во еден момент Ѓоковиќ ја нарача познатата српска песна „Zlatibore pitaj Taru“ и јасно беше дека ја посвети на ќерката“, вели за спрски „Блиц“ извор близок до тенисерот.