Чевлите се пасија на секоја жена, а сега е познат и најпопуларниот пар потпетици во светот.
„Vogue“ во своето последно истражување дојдоа до брендот, но и моделот на чевли кои секоја жена ги посакува.
Станува збор за сините потпетици од брендот „Маноло Бланик“.
Овие чевли буквално ги прослави Сара Џесика Паркер во улогата на Кери Бредшо во првиот дел на филмот „Сексот и Градот“.
Чевлите на „Маноло Бланик“ доаѓаат во неколку различни бои, а секоја втора жена посакува да ги има.