Британски студенти направиле експеримент со кој целта им било да покажат и докажат дека мобилните телефони, кои секојдневно ги користиме, се полни со бактерии.
Студентите за време на експериментот ги потопиле телефоните во разни раствори и заклучиле дека екраните на допир се полни со бактерии.
Со ова, се докажува дека бактериите живеат на површината на мобилите телефони и дека се пренесуваат со допир.
Симон Парк, молекуларен билог, напишал дека бактериите што се наоѓаат на нашите мобилни телефони се збир од сето тоа што сме допреле, пред да го допреме телефонот.
„Додека повеќето бактерии што се пронајдени на мобилните телефони не предизвикуваат зарази и болести, пронајдени се и мал број на стафилококни бактерии“, пренесува Метро.
„Оваа бактерија може да предизвика инфекција и најчесто се вгнездува во носот“, додал Симон Парк.