Видеото од овој татко го насмеа цел свет (видео)

Ирецот Џозеф Грифин бил посебно возбуден поради можноста да го посети Лас Вегас, а посебно поради фактот што синот го опремил со GoPro камера за да го забележи ова „епско патување“.

Меѓутоа, господинот Грифин не бил баш претерано стручен со технологијата, но се впуштил во авантура со намера неговите деца и роднините да го видат целиот раскош на Лас Вегас.

Сепак, неговото патување стана светки, инстант вирален хит, затоа што „тато Грифин“ цело време камерата ја држел свртена кон него, па наместо животот во Лас Вегас, патувањето се сведело на видео селфи и неговото најчесто збунето лице.

Неговиот син Еван го споделил ова видео со пораката:

„Така… му ја дадов мојата GoPro камера на мојот татко да го снима патувањето во Лас Вегас. Меѓутоа не му објаснив како се користи камерата, па татко ми, во негов стил, не знаел каде да ги насочи работите“.

Се надеваме дека Џозеф уживал во своето патување, а вие уживајте во ова прекрасно видео: