Дека никогаш не е доцна да ги исполните вашите желби покажа Џек Стефан, кој на 92 години скокнал со падобран од авион.
Џек вели дека сите го прашале зошто тоа го прави и дека неговиот одговор бил едноставен: „Возбудливо е. Никогаш не сум пробал. Зошто да не“.
„Најстрашното беше додека стоев на вратата. Веднаш после скокот чуствувате како да лебдите на облак. Нема никаква бучава. Само лебдите. Навистина е спокојно“, изјавил Џек после скокот.
Со овој скок тој стана еден од најстарите луѓе кои скокнале со падобран.
