Ги извадија бурмите: Ферги и Џош Духамел се разведуваат

Ферги и Џош Духамел по 8 години брак се разведуваат! Двојката со официјално соопштение ја извести јавноста за нивната одлука.

Парот го има 4-годишниот син Аксел, а во нивната изјава откија дека се разделени веќе неколку месеци:

„Со голема љубов и почит одлучивме да се разделиме како пар. За да му овозможиме на семејството полесно приспособување на промените, сакавме да го држиме ова во приватност некој период, пред да споделиме јавно. Ние сме и секогаш ќе бидеме поврзани и ќе се поддржуваме меѓусебно, исто како што ќе му пружаме поддршка на нашето семејство“.

Ферги во средата била забележана во Рио де Жанеиро на промоцијата на нејзиниот нов албум, а Џош е фотографиран низ Лос Анџелес со нивниот син.

Секако, двајцата биле без бурмите.