Кога некој ќе ја спомене свадбата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, веднаш ни текнува на раскошната венчаница која ја носеше војводката.
Но, дали знаете дека Кејт имала и втора венчаница.
По сите церемонии кои ги налага кралскиот протокол, на вечерата во Бакингамската палата војводката облекла многу поедноставен фустан.
И вториот фустан беше дело на Александар МекКвин. За разлика од првиот кој имаше раскошна чипка и долг вел, вториот беше изработен од свила со колан од дијаманти и бела наметка.
Како ви се допаѓа?