Едната има 19, а другата 42 години: Која е мајка, а која ќерка?

Џорџија Смидли (42) и нејзината ќерка Џез (19) толку личат што и нивните партнери понекогаш ги мешаат.

Луѓето за нив често мислат дека се близначки. Дали успеаа да ве излажат и вас?

На оваа фотогарфија ќерката е лево, а мајката десно.

Со нивниот изглед успеваат да го збунат и сопругот на Џорџија со кого таа е 18 години во брак и со кого ја доби нејзината ќерка.

– Покрај тоа што личиме, имаме и сличен глас, па тоа дополнително ја комплицира ситуацијата, рекла Џез.

Таа и нејзината мајка имаат слична висина, иста фигура, боја на очи и коса. Сличноста посебно дошла до израз во 2012 година кога Џорџија одлучила да направи операција на желудникот. Ослабела 30 килограми, го променила изгледот и стилот на облекување.

– Сега постојано ни зборуваат дека изгледаме како сестри. Мене ми одговара, но затоа што се случува така често, се плашам дека тоа помалку и пречи на мојата ќерка. На аеродром секогаш не прашуваат дали сме сестри, а два пати мислеа дека сме близначки, изјавила мајката.

hitportal-dhez

Џорџија и Џез работат во иста зграда, па и колегите ги мешаат. На една забава Џез го запознала Мајкл, нејзиниот вереник, кој прво мислел дека тие две се сестри и дека Џорџија е помлада.

На мајката и завидуваат многу жени, но нема некоја посебна тајна за нејзиниот изглед.

– Освен желудникот, ништо друго немам оперирано и никогаш не сум користела ботокс или нешто слично. Не се трудам многу околу кожата, но користам квалитетни креми, изјавила таа.

hitportal-dhordhi