Мал гениј: Ова девојче е попаметно од Ајнштајн и Стивен Хокинг

Девојчето со име Никол Бар, која живее во ромска заедница во Есекс, има поголем коефициент на интелигенција од најпаметните луѓе на денешницата.

12-годишната Никол на тестот за интелигенција постигнала резултат од неверојатни 162 поени, а со тоа преку ноќ стана главна ѕвезда во цела Велика Британија.

hitportal-nikol

Нејзиниот висок коефициент на интелигенција ја сместува во ретката група од само 1% најпаметни луѓе на планетата, а откриен е за време на стандардното тестирање кое Менса го прави во основните училишта.

Родителите на малата Никол биле изненадени од резултатот кој го постигнала нивната ќерка.
– Секогаш беше препаметна и вредна. Секој ден останува на дополнителна настава, а сонува да стане лекар, вели гордата мајка Доли Бакленд (34).

Приказната за малата Никол се проширила низ целата ромска заедница, како и на социјалните мрежи.

Просечниот коефициент на интелигенција кај возрасните луѓе е 100, а секој кој има IQ повеќе од 140 се смета за гениј.

Научникот Стивен Хокинг има IQ 160, колку што имаше и познатиот Алберт Ајнштајн.

hitportal-stiven hitportal-ajnstajn