Плодна година: Уште еден член на кланот Кардашијан-Џенер е бремена

По веста дека Ким Кардашијан ќе стане мајка по трет пат со помош на сурогат и бременоста на Кајли Џенер, пристигнува уште една принова во нивното семејство.

33-годишната Клое Kардашијан е во четвртиот месец од бременоста од 26-годишната кошаркарска ѕвезда Тристан Томпсон, тврдат UsWeekly, People и TMZ.

Откако инсајдери за магазинот People ја потврдија информацијата, тврдат и дека и Клое и Тристан се пресреќни што ќе станат родители.

Клое се очекува да се породи во февруари исто како и Кајли Џенер, додека Ким ќе стане мајка во јануари.