Хју Хефнер, основачот на Плејбој почина на 91 година, објавуви Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од компанијата на Хефнер.
Тој го основаше списанието за возрасни во 1953 година со 600 долари од сопствени пари и го изгради во мултимилионска империја за забава, која на врвот од 1970-тите вклучуваше телевизиски емисии, џез-фестивал и низа Плејбој клубови со коктел келнерки кои носеа зајачки уши и друга соодветна облека.
Со текот на годините, легендата за “Хеф” растеше со неговите плејбојски навики, се ожени со неколку “девојки” од неговиот магазин и се приклучи на реални ТВ-шоуа со девојки помалку од една третина од својата возраст.
Некои критичари го отфрлија како остаток од сексистичка ера, особено во неговите подоцнежни години, кога Хефнер отворено зборуваше за неговите сексуални улоги со вијагра во замокот Плејбој.
Но, многу луѓе му завидуваа на неговиот животен стил на адолесцентно-фантастичен живот, анализира Си-Ен-Ен.