Колумбиската актерка Софија Вергара шести пат по ред е прогласена за најплатена телевизиска актерка.
Вергара само во 2017 година заработила околу 41 милион долари, објави магазинот „Форбс.
Иако годинава заработила 2 милиони долари помалку во однос на претходната година, Софија повторно го зазема првото место на листата.
Актерката е дел од екипата на серијата „Модерно семејство“, а од епизода заработува дури пола милион долари. Заработува и од брендовите зад кои стои како заштитно лице.
Второ место е Кајли Куоко од „Бубалици“, а по неа се Минди Кејлинг и Елен Помпео со 13 милиони долари, Маришка Харгитеј со 12,5 милиони долари и Џули Бовен со 12 милиони долари.