Венчавката е најубавиот ден во животот на сите, па зошто наместо еден да трае повеќе дена?
Една брачна двојка од Лос Анџелес, по професија акробати, досега направиле 38 репризи на венчавката во различни земји низ светот за 83 дена.
Чита и Рајан веќе се имаат венчано во: Индија, Египет, Ирска, Тајланд,Шпанија и уште во многу други земји.
Нивната прва церемонија била на 8-ми февруари, а оттогаш романтичните патувања не им престануваат.
Многу луѓе низ светот се воодушевени од нивниот подег и донираат пари за патувањето да им продолжува.
Фотографиите од оваа генијална идеја за венчавка низ светот ги гледате во продолежение.