Село на долгите коси: Овде жените се шишаат еднаш во животот

Долгата коса е симбол за женственост и елеганција, но кај жените од етничката група Јао од селото Хуанглоу во југозападна Кина, косата е многу повеќе.

Таму е традиција сите жени да имаат долга коса.

hitportal-selo-kosi

Селото брои околу 82 домаќинства во кои жените се толку опседнати со својата коса.

Селото дури има и официјален Гинисов сертификат за „Село со жени со најдолгите коси во светот“.

Вкупно 120 жени во Хуанглоу имаат просечна должина на косата од 1.7 метри, а тие се шишаат само еднаш во животот, кога ќе наполнат 16 години, кога мораат и официјално да се омажат.

Она што е интересно е и фактот што сите жени во селото имаат слични фризури.

Сепак, иако се мали, разликите во фризурите имаат исклучително големо значење затоа што тие говорат за љубовниот статус на девојките.

Па ако косата им е едноставно замотана околу главата, тоа значи дека девојката е во брак, но нема деца.

hitportal-selo-kosi-3

 

Доколку малата пунџа е сместена на предниот дел од главата, девојката е во брак со деца, а пак доколку носи марама околу главата, станува збор за жена која е во потрага по сопруг.

Погледнете ги овие фотографии од селото на долгите коси.

hitportal-selo-kosi-1 hitportal-selo-kosi-2 hitportal-selo-kosi-4