Денес се одбележува десет годишнината од смртта на нашиот ангел, Тоше Проески.
Тој зад себе остави многу хитови кои прераснаа во евергрини, а еден од нив е песната „Соба за тага“.
15-години од издавањето на оваа песна, конечно е откриена и тајната приказна која се крие зад неа.
Наводно, текстот на песната е напишан од еден затвореник кој поради несреќна љубов завршил зад решетка. Стиховите на оваа песна ги напишал затвореникот кој го убил љубовникот на неговата девојка.
Песната односно текстот „паднале“ во рацете на Љиља, менаџерката на Тоше, која веднаш знаела дека ќе биде хит.
Ве потсетуваме на „Соба за тага“ и нашиот ангел, Тоше.