Среќата го спаси од сигурна смрт (видео)

Без оглед на тоа дали верувате дека ова момче го спасиле ангели чувари или чиста случајност, едно е сигурно – 25 септември може да го слави како втор роденден.

Непознат ученик од Симедеропољ, кој во петокот утрото се досадувал чекајќи превоз на автобуска станица, сигурно би загинал ако уште само некоја секунда подолго се занимаваше со предметот кој го видел крај оградата.

Имено, само што престанал да си игра со него и си заминал, на тоа место удрил автомобил BMW, односно возач кој поради големата брзина при вртење ја изгубил контролата над автомобилот.

Снимката од несреќата стана вирален хит на руските социјални мрежи.