Совршен аутфит: Tрикот на Анџелина Џоли за долги нозе и тенка половина

Анџелина Џоли беше фотографирана во Лос Анџелес како оди на промоција на нејзиниот нов филм „First They Killed My Father“.

На проекцијата таа блесна во едноставна комбинација составена од црно здолниште и бела кошула, а аутфитот го надополни со неутрална боја потпетици кои визуено ги издолжија нејзините нозе.

Џоли се одлучила за „pencil skirt“ која ги истакнува облините, но и визуелно ја намалува целата фигура.

Актерката не го криеше задоволството па не ја тргна насмевката од лицето.

Инаку потпетици во неутрална боја и „pencil skirt“ се трикот на Џоли за потенка и издолжена фигура.