Ќе се согласиме дека се женствени и дека во нив изгледате најдобро.
Но, вашите стапала и грб не мислат така, а со нив се согласуваат и лекарите.
Потпетиците морате да ги дозирате!
Новите истражувања докажуваат дека со носењето на високи потпетици се зголемува ризикот од развивање на остеоартритис на колената.
Но и покрај тоа, жените не треба да се откажуваат од своите омилени потпетици, само треба да ги носат „здрав“ број на часови, а колку е тоа, открива лекарот Л. Келсеј Армстронг.
„Потпетиците се лоши за вашите стапала, затоа што ги ставаат во неприродна положба“, објаснува Армстронг.
Притисокот под кој се наоѓа стапалото може да доведе до плускавци скршеници, неурома, а сега знаеме, и до остеоартритис на колената.
За да се намали опасноста од развивањето на тие проблеми, треба да се намали времето кое го поминувате носејќи потпетици.
„Препорачаното време завиви од видот на чевлите и активностите кои се прават со нив“, истакнува Армстронг и препорачува:
Ниска потпетица (до 4 сантиметри)
Таквата е идеална за дружење или шопинг, каде повеќе ќе стоите отколку што ќе седите, а носењето би требало да се ограничи на 4 часа максимално.
Средна потпетица (4-8 сантиметри)
Овие чевли ги носите првенствено да ги покажете, а се носат на венчавки, прв состанок и слично. Во нив не би требало да останете подолго од три часа.
Високи потпетици (повеќе од 8 сантиметри)
Најдобро е да избегнувате толку високи потпетици, но ако баш морате да ги облечете, не останувајте во нив подолго од еден час.
„Ако чевлите се потполно затворени, а потпетиците не се тенки, туку дебели и имаат и платформа, тогаш предложеното време се продолжува“, објаснува Армстронг.
Кога ќе ги соблечете потпетиците, секое стапало преминете го преку мало топче, за ситните мускули во стапалото да ви се зајакнат, велат научниците.