Ве фаќа есенска депресија? Еве како да ја победите

Поспаноста, нерасположеноста, дождот и недостиг на светлина се само дел од причините дека страдате од есенска меланхолија, за која се карактеристични заморот, лошата концентрација, чувството на осаменост и зголемениот апетит.

Добро е што оваа состојба е привремена, а причини се негативната психолошка реакција на темнината, ниското ниво на хормонот на среќата – серотонин, поголемо производство на мелатонин кој предизвикува поспаност и недостиг на витаминот Д по слабата изложеност на сончеви зраци.

За да се победи оваа „есенска болка“ треба да се конзумираат намирници богати со витамин Д, повеќе да се претстојува на дневна светлина, да се трча или вежба.

Песните кои се слушаат треба да бидат поведри, да се збогати секојдневниот живот со дружење со пријатели и да не се одбива кафе или заминување во кино само поради лошото време.