Зелена супа со спанаќ и праз (рецепт)

Ова е една зеленчукова супа преполна со зеленило.

Вкусна е и здрава, па затоа направете ја уште денес.
Потребно е:

  • 1 кг свеж спанаќ, убаво исчистен и обарен
  • 1 страк праз, ситно исечкан (само белиот и светлиот дел)
  • 1 свежо, луто пиперче, ситно исечкано
  • 2 лажици путер
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици ориз
  • 200 гр фета сирење
  • густ јогурт, за сервирање (или павлака)
  • сол и бибер, по вкус

Подготовка:

Во теџере ставете ги маслото и путерот да се загреат и растопат. Ставете ги празот и пиперчињата и пржете на среден оган додека да омекне зеленчукот. Ставете три шолји жешка вода и додадете ги спанаќот, оризот, фета сирењето и зачинете со сол и бибер. Кога оризот ќе биде сварен, супата е готова.

Оставете малку да се олади и сервирајте со две лажици густ јогурт во чинија.