Шоуто на „Victoria’s Secret“ оваа година ќе се одржи во Сеул, а главна ѕвездата на ревијата ќе биде Лаис Риберо.
Бразилската манекенка, која ја нарекуваат „најдосадниот“ ангел, ќе го носи познатиот „Fantasy Bra“.
Најскапиот градник во светот е изработен од повеќе од шест илјади драги камења, вклучувајќи дијаманти, жолти сафири, кристали.
Изработката на ова парче долна облека траела повеќе од 350 часа.
Вредноста како и секоја година така и оваа е проценета на 2 милиони долари.